Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
МАКЕДОНИЈА

Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка

Објавено March 2, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка. Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно од датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето.

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој обично завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

На тој ден е дозволено внесување на мрсна храна, пити, колачи и алкохол. Тоа е денот кога треба да бараме прошка и да се помириме со сите со кои сме се скарале, па затоа ги нарекуваат и „Проштени поклади“.

Денот пак, по Прочка се вика „Чист понеделник“ кога започнува големиот велигденски пост. Тој го означува и крајот на зимските, и почетокот на пролетните празници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ
Следна Статија (Видео) Илјадници учесници на масовниот протест во Ниш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија

Министерот за дигитална трансформација се обрати на 3-ти регулаторен дијалог меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој присуствуваат Генралниот…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на терен, ќе се помага на компанијата Макпрогрес

Стопанската комора соопшти дека вчера активно се вклучила во напорите за гасењето на пожарот во фабриката Макпрогрес во Виница, била…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?