Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
ХРОНИКА

Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца

Објавено March 19, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, соопштија од ЈОРСМ.

Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По убиството Палчо запали цигара и отвори телефон, тогаш виде колкава врева се кренало, сведочи Манев
Следна Статија Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Судот определи 30 дена притвор за Рустеми и Саити

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Си играл со вратата, паднала врз него – тешко повредено осумгодишно дете

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14.10 часот во круг на станица за технички преглед во Тетово, осумгодишник…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?