Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино
ХРОНИКА

Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино

Објавено March 11, 2025 22:59
Сподели
Сподели

На Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски им е определен притвор, соопшти кривичниот суд во Скопје. Притворот е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

За Асмир Јахоски (сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски) е определен куќен притвор откако обвинителот го преиначил барањето и се откажал од најстрога мерка за обезбедување на присуство.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои:

По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.

За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинка осудена за продажба на 56 бубрега
Следна Статија Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мотоциклист излета од патот кон Табановце, тешко е повреден

Moтоциклист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот кон Табановце. „На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар беснее кај Струмица

Локалните медиуми јавуваат дека голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Четиригодишно дете починало во Струшката болница

Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, случајот во полиција бил…

February 2, 2025
ХРОНИКА

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?