Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за три лица поврзани со Исламска држава: Спремале одмазда за браќата осудени за тероризам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за три лица поврзани со Исламска држава: Спремале одмазда за браќата осудени за тероризам
ХРОНИКА

Притвор за три лица поврзани со Исламска држава: Спремале одмазда за браќата осудени за тероризам

Објавено February 7, 2026 14:51
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Скопје.

Во рамки на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело терористичка организација. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Скопје.

Според МВР, се работи за Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје.

Како што информира Јавното обвинителство, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело злосторничко здружување и кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во рамки на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело терористичка организација. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје.

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавниот обвинител од ОЈО ГОКК вчера беа извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите беа пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, муниција од различен вид и калибар и други доказни материјали.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на законските основи предвидени во Законот за кривична постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоин доживува драстичен пад: Цената паѓа под 60.000 долари
Следна Статија Трамп ја поддржа Такаичи пред предвремените избори во Јапонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ќе се враќаат личните предмети на починатите и повредените од „Пулс“

Одделчението за внатреши работи Кочани информира дека врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани,…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Новогодишната декорација во Скопје чини 53 илјади евра: Линк Медиа Плус го доби тендерот

Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53 илјади евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа…

December 7, 2025
ХРОНИКА

Во Австрија уапсен 18-годишник по потекло од Македонија, сакал да направи бомба за терористички напад

Австриски државјанин со македонско потекло, на возраст од 18 години, е уапсен во неделата при обид да влезе во Австрија.…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?