Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
ХРОНИКА

Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

Објавено March 3, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци повел постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен за кривично дело демнење, а судот во Неготино, на предлог на обвинителот, му одредил мерка притвор.

Како што соопшти државното Јавно обинителство, во периодот од 12 септември 2024 до 25 февруари 2025 година, осомничениот преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, „постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка“.

-Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

-Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице, информира Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
Следна Статија Гореше куќа во Ново Лисиче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола

Вкупно 8 лица се осомничени во последната акција на Финансиската полиција и битолското Обвинителство, дознава Press24 од извори во истрагата.…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Приведени две лица во при обид да ограбат маркет во Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет…

September 6, 2025
ХРОНИКА

Застрелан маж пронајден во автомобил во Нераште, Тетово

Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен…

November 24, 2025
ХРОНИКА

Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?