Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прифатени измените: Со лична изјава секој граѓанин може да одлучи за дарување органи по неговата смрт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Прифатени измените: Со лична изјава секој граѓанин може да одлучи за дарување органи по неговата смрт
ЗДРАВЈЕ

Прифатени измените: Со лична изјава секој граѓанин може да одлучи за дарување органи по неговата смрт

Објавено June 30, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Со 58 гласа „за“ и шест „против“ Собранието, по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Со новите законски измени се воведуваат реформи кои се однесуваат на проширување на кругот на живи дарители.

Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот пред пратениците, истакна дека ова решение има огромно значење. Тој нагласи дека трансплантацијата не треба да се гледа само како медицинска процедура, туку како чин кој носи живот, надеж и можност за хуманост по смртта.

„Измените кои денеска ги предлагаме не се само правни и административни, туку се една порака дека нашиот здравствен систем се гради врз достоинството на човекот, солидарноста и почитувањето на личната волја“,изјави министерот Алиу.

Со новиот закон, рече тој, првично се проширува кругот на можни живи дарители на органи, при што се вклучуваат и сродниците до четврто колено. За да се спречат евентуални злоупотреби, Алиу појасни дека се зајакнати заштитните механизми. Секој поединечен случај ќе биде предмет на проценка од страна на Етичка комисија, која ќе ја утврдува доброволноста на одлуката и ќе гарантира дека нема притисок, манипулација или трговија со органи.

Втората и најзначајна промена е воведувањето на јасна и лична изјава на секој граѓанин за дарување на органи по неговата смрт, со што се напушта досегашниот модел на претпоставена согласност.

„Од сега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже ‘да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее’ или ‘не, тоа не е мој избор’. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинство и личната автономија на нашите граѓани“,додаде Алиу.

За време на расправата во Собранието, пратеникот Илир Хасани од ДУИ потенцира дека иако законот е исклучително важен и треба да се поддржи, предложената форма на изјава за согласност отвора ризици околу увидот во личните податоци.

„Мислам дека требаше да се создаде терен за поддршка на овој закон. Јас како Илир не се чувствувам сигурен моето име да го има на некоја листа за можна трансплантација, бидејќи, хипотетички, би бил таргет и можност некој мене да ме искористи за давање или земање органи. За жал, во оваа форма како што е напишан овој закон, јас нема да дадам поддршка“,истакна Хасани во своето обраќање.

Инаку, претходните денови на јавна панел-дискусија во Гостивар посветена на органодарителството, министерот за здравство Азир Алиу рече дека ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот.

Темата за органодарителство, порача министерот на панел-дискусијата, не смее да биде тема за која првпат се разговара во болнички ходник и во мигови исполнети со трагедија, туку треба отворено и без предрасуди да се разговара дома, во семејствата, во училиштата, на факултетите, меѓу лекарите и пациентите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повторно се распали депонијата во Визбегово, огнот се шири кон куќите
Следна Статија Вечерва пред „Борис Трајковски“ ќе ечат песните на Владо Јаневски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

По шест месеци борба за живот – Мелани, една од најтешко повредените од дискотеката „Пулс“, конечно дома

18-годишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, по повеќе од 6…

September 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!

Индикаторите поврзани со детското здравје се показатели за степенот на здравствен и економски развој на едно општество, на една заедница.…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пет начини на кои сами си ја намалуваме интелигенцијата

Коефициентот на интелигенција е комбинација од когнитивни перформанси, извршна функција, флуидна интелигенција и реалната применлива страна на интелигенцијата. Но, кога…

September 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дали во лето треба да земате витамин Д?

Летото е идеално време за поминување на време на отворено и природно создавање на витамин Д, познат и како „витамин…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?