Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки
БАЛКАН

Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки

Објавено August 31, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч.

Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“.

Рама, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови законски измени за зајакнување на мерките против одговорните лица, вклучувајќи ги инспекторите и другите органи кои дозволиле прекршување на законот.

„Уривањето на дивоградбите, кое е започнато насекаде, не е акција, туку процес кој не само што нема да запре додека не се елиминира оваа појава, туку во наредните денови ќе биде придружен со нов пакет мерки за намалување на оваа појава, зголемувајќи ја ударната сила на законот врз виновниците и одговорните лица на различни нивоа, вклучувајќи ги и „инфилтрираните“ во инспекторатите, полицијата и така натаму“, напиша Рама.

Објавува фотографии од акцијата што започна во споменатото туристичко место, оценувајќи дека „тоа е уште едно природно чудо злоупотребено за профит преку нелегална градба“, нагласувајќи дека „работата за заштита на територијата од злоупотребувачи продолжува подеднакво во северниот, јужниот и централниот дел на Албанија“.

Во меѓувреме Судот во Драч му одреди мерка „затворски притвор“ на Ардијан Халили, поранешниот началник на Инспекторатот за територијална заштита за округот Драч, кој е сопственик на урнатиот објект-дивоградба. Освен двокатен објект, на површина од 5.600 квадратни метри, имало мини-фудбалско игралиште и базен, како и 11 мали куќарки за сместување туристи. Според полицијата, нелегалната градба започнала во 2018 година.

Халили, беше уапсен пред четири дена, под обвинение за „бесправна градба“ и „злоупотреба на службена должност“. Во судницата го бранеше неговата сопруга, поранешната обвинителка Рабијана Халили, додека тој го отфрли обвинението за злоупотреба на службена должност, тврдејќи дека ги извршил работите со знаење на локалните власти, иако без градежна дозвола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над десет лица се тепале во Батинци
Следна Статија Четири симптоми на висок холестерол и затнати артерии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото…

September 27, 2025
БАЛКАН

Српските студенти: Единствено што може да се случи на Вучиќ е да го убиjaт

Граѓанска војна и убиство на Вучиќ предизвикува студентот  Срѓан Ѓуриќ во снимката што беше објавена вчера. Главниот уредник на „Информер“…

March 14, 2025
СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во…

September 16, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе напишам бестселер за мојата победа

Властите од Србија на чело со претседателот Александар Вучиќ упатија обвинување до студентите дека се странски платеници и дека се…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?