Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија
ЕКОНОМИЈА

Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

Објавено August 26, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба.

– По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, како и изградба на тунелот како гранична точка. Во рамки на тие активности, денеска, Владата на седница донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската инвестициска банка, пишува во соопштението.

Со ова, како што се појаснува, избраниот Консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач.

– Дополнително да се забрзаат активностите, ЈП за железничка инфраструктура ќе започне постапка за избор на надзор на изградбата. Преку овие активности, Владата во континуитет покажува цврста заложба во реализација на стратешко-инфраструктурните проекти за државата. Изградбата и модернизацијата на железничката мрежа е приоритет на Владата и во рамките на тие приоритети се преземаат засилени активности за доизградба на железницата на Коридор 8, како и изградба на брза пруга на Коридор 10, наведуваат од владината прес-служба.

Овие проекти што имаат и регионално значење, како што истакнуваат, ќе ја позиционираат државата како транзит земја на Балканот – дел од европските транспортни рути со што бенефитот е повеќекратен.

– Проектите за развој и модернизација на целокупниот железнички систем претставуваат стратешки проекти на државата за регионално поврзување, забрзан економски развој и отворање на нови пазари за домашните компании, се додава во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
Следна Статија Сѐ помалку луѓе се возат со автобус, регистрира статистика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа се должи на добрите економски политики…

January 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зошто цената на среброто достигна рекордно ниво?

Цената на овој благороден метал за прв пат во историјата надмина 60 долари за унца.

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европските аеродроми стравуваат дека за три недели ќе останат без керозин

Европската асоцијација на аеродроми предупреди на ризикот од „системски недостиг“ на керозин доколку поморскиот сообраќај кон Ормутскиот теснец не се…

April 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија тоне, обвини ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој,…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?