Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија
ЗАБАВА

Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија

Објавено August 27, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Археолози во Грузија открија човечка вилица стара 1,8 милиони години, за која се верува дека му припаѓала на рана форма на човек, видот Homo erectus.

Ова значајно откритие може да фрли ново светло врз едни од најраните населби на праисториски луѓе надвор од Африка.

Вилицата е пронајдена на археолошкиот локалитет Орозмани, лоциран околу 100 километри југозападно од главниот град Тбилиси. Иако површината на локалитетот е релативно мала – со големина на два паркинзи – тој веќе е познат како богато наоѓалиште на исклучително стари остатоци од луѓе и животни.

„Сметаме дека Орозмани може да ни даде важни информации за еволуцијата на човечкиот вид“, изјави Ѓорги Бидзинашвили, професор по археологија од камено доба на Државниот универзитет Илија во Тбилиси.

Во оваа област, во 2022 година, беше откриен и човечки заб од истата старост, а блиското село Дманиси веќе е познато по претходно пронајдени човечки черепи стари 1,8 милиони години.

Освен човечката вилица, археолозите пронашле и фосили од животни како сабјозаби тигар, слон, волк, елен и жирафа, како и камен алат. Овие остатоци се клучни за истражување на животната средина и начинот на живот на раните луѓе кои започнале да мигрираат од Африка пред околу 2 милиони години.

Научниците велат дека анализата на овие остатоци може да даде важни одговори за адаптацијата на луѓето на нови услови, нивната исхрана, но и за климатските промени во тој период.

Мајлс Александер, дипломиран антрополог од Универзитетот Род Ајленд во САД, кој учествува во истражувањата, за Ројтерс изјави: „На Орозмани секогаш се наоѓа нешто интересно штом ќе почнеме да копаме.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова ќе биде најсреќниот хороскопски знак во септември
Следна Статија Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на жените, мајките и семејниот живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба- повисоки цени на влезници во обновениот Лувр

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека музејот Лувр ќе биде редизајниран, обновен и зголемен, со цел да стане „епицентарот на…

January 29, 2025
ЗАБАВА

Норвежанец поднесе жалба против ChatGPT откако му кажал дека ги убил двајцата негови синови

Норвежанецот Арве Хјалмар Холмен поднесе жалба против американската компанија OpenAI, која е креатор на алатката за вештачка интелигенција ChatGPT, откако…

March 22, 2025
ЗАБАВА

Била ли Мерлин Монро бремена со Кенеди и затоа ли е „замолкната“ – откриени се тајни документи

Мерлин Монро беше многу повеќе од убавица од филмското платно - таа беше симбол на Холивуд, жена која го плени…

April 13, 2025
ЗАБАВА

Хју Грант заспа на Вимблдон во кралската ложа на мечот на Ѓоковиќ

Британскиот актер Хју Грант беше фатен во незгоден момент додека го гледаше натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиo Коболи на…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?