Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Објавено April 26, 2025 16:18
Сподели
Сподели

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.

-Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот – изјави д-р Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

-Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина, вели проф. д-р Кузмановска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
Следна Статија Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Македонка се грижи за денталното здравје на жителите на Шетланд

Професијата може да го однесе човек на најегзотичните, но и на најсуровите места на земјината топка.  Триесет и осумгодишната Невена…

January 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Склучени договори со 18 приватни специјализанти во штипската болница, ќе се вработуваат и лекари, сестри и фармацевти

Клиничка болница – Штип склучи договори за вработување со 18 приватни специјализанти кои во наредниот период треба да помагаат во…

July 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема пушење електронски цигари во затворено, ќе се забрани продажба на сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, соопши министерот Алиу

Нема пушење електорнски цигари во затворен простор и строго ќе бидат забранети за продажба сите вкусови кои се благи и…

February 24, 2026
ЗДРАВЈЕ

Научници создадоа најмали програмирани, автономни роботи на светот

Истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Мичиген создадоа микроскопски пливачки машини кои можат независно да го детектираат и

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?