Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

- Advertisement -

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Кина. Австралиецот кој прв пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата, на патеката во Шангај ја забележа третата победа во кариерата.

Пјастри победи пред тимскиот колега Ландо Норис, кој задоцни речиси 10 секунди и Џорџ Расел од Мерцедес.

Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен го освои четвртото место пред возачите на Ферари, Шарл Лекер и Луис Хамилтон. Бодови во Шангај освоија и Естебан Окон (Хас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс) и Оли Берман (Хас).

Во генералниот пласман води Норис со 44 поени, Ферстепен е втор со 36, Расел трет со 35, Пјастри е на четвртото место со 34.

Сезоната во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Јапонија која на програмата е на 6.април.

Сподели ја оваа статија