Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
БАЛКАН

Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани

Објавено March 23, 2025 10:22
Сподели
Сподели

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.
Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места.

На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).

Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел
Следна Статија Сташа Цветковиќ е „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани! Работи ли за тајна служба?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Еди Рама се врати во белите патики (ВИДЕО)

Премиерот на Албанија Еди Рама кој е познат по својот ектравагантен стил на облекување повторно привлече внимание. На НАТО Самитот…

July 9, 2026
БАЛКАН

Во Белград тридневен прекин на работата на адвокатите поради измена на Кривичниот законик

Адвокатската комора на Белград (АКБ) одлучи од денеска до 4 декември, нивните членови да ја прекинат работата, „поради донесување и…

December 2, 2024
БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор…

December 28, 2024
БАЛКАН

Бугарија отвори канцеларии во Пирот за вадење бугарски пасоши

Стратегијата  за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?