Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?
СПОРТ

Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?

Објавено September 12, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Поранешен вработен во тимот на „Ред Бул“ во Формула 1, Калум Николас, открил интересни факти за работата како механичар во Формула 1.

Разговорот започнал по одложеното запирање во боксот на Ландо Норис на Големата награда во Италија и коментарите кои следеле на социјалните мрежи.

Николас не можел да не одолее, а да не одговори на тврдењата со кои се оспорува вредноста на работата на механичарите во Формула 1.

Особено го погодил еден коментар во којшто човек кој менува гуми е исмеан како некој којшто работи само „три секунди работа“, што предизвикало остра дебата.

Николас имал значајна улога во тимот на Ферстапен во текот на шампионатската сезона на Холанѓанецот, па знае за што говори. Како што вели, спомнатите коментари се „будалаштини и особено срамни“.

„Просечната плата е околу 60.000 фунти (околу 69.000 евра) годишно, а просечната работна недела трае околу 70 часа. Покрај тоа, летаат во економска класа и никој не добива дополнителни пари за тоа што е дел од пит-стоп тимот“, открил Николас.

Тој открил и дека членовите на пит-стоп тимот не работат само на запирање во боксот туку исто така ги поправаат автомобилите. Тоа е така поради тоа што тимот на тркачкиот викенд може да има само 60 оперативни членови, па многумина извршуваат различни задачи.

Николас го прашале и дали смета дека механичарите се малку платени. Пред хибридната ера, болидите биле многу поедноставни и за нивно склопување или поправка не било потребно многу време како денес.

„Мојата прва плата во Формула 1, кога имав 22 години беше 42.000 фунти (околу 48.000 евра). Тоа тогаш ми делуваше како добивка на лото, особено затоа што немав никакви обврски дома“, продолжил Николас.

„Тогаш сезоната имаше само 17 трки и немаше тркачки викенди по ред. Работното оптоварување со В8 моторите не можеше да се спореди со овие денес“.

Николас ја заврши кариерата на механичар во „Ред Бул“ пред сезона 2025. Пред неколку години воведено беше ограничување на буџетот кое влијаело на платите на вработените, но не значајно.

„Но, и без тоа ограничување механичарите не би заработувале 350.000 годишно. Доколку тоа некогаш се случи можеби ќе размислам за враќање назад“, се пошегувал Николас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија
Следна Статија Никола Тесла направил рендгенска снимка на своето стапало со машина што самиот ја дизајнирал во 1896 година ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас

Фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Белгија во натпревар од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се…

October 9, 2025
СПОРТ

Пандев: Да се ​​прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината

„Гранде Пандев“ кој пред шест месеци беше назначен за спортски директор на македонските репрезентации во интервју за „FotMob“ зборуваше за…

June 4, 2025
СПОРТ

Синер го освои турнирот „Шест кралеви“ и заработи шест милиони долари

Италијанецот Јаник Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад. Неочекувано, мечот заврши за само…

October 19, 2025
СПОРТ

(Видео) Кристал Палас на Ливерпул му го „украде“ првиот трофеј во сезоната

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?