Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ
ПОЛИТИКА

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

Објавено July 14, 2025 18:41
Сподели
Сподели

С Македонија самата се блокира на патот кон Европската Унија, зашто не е подготвена да ги исполни критериумите за членство, изјави бугарскиот претседател Румен Радев за време на неговата посета на Хрватска, каде што се сретна со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесува бугарската новинска агенција БТА.


Во изјавата дадена на заедничка прес-конференција со Милановиќ, Радев е категоричен дека Бугарија не ја запира С Македонија на патот кон ЕУ и не поставува никакви нови услови освен оние што веќе се договорени.

„Инсистираме да се почитува сè што е договорено“,кажа бугарскиот претседател.

Бугарскиот претседател во Загреб посочи и дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите во Р Македонија.

„Сè уште чекаме РСМ да го исполни јасно напишаниот услов кој би отворил врата за почеток на преговори. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во земјата преку нивно вклучување во Уставот. Тоа е она што го сакаме. Кон нашите соседи гледаме конструктивно и добронамерно и покрај нивниот постојан провокативен, па дури и навредлив речник кон нас. Правиме сè што е можно за да ги исполнат критериумите и условите што се усвоени и евидентирани“,вели тој.

Според него, постои јасен консензус, усвоен во јули 2022 година, и од бугарската и од Владата на РСМ, како и од сите земји членки на ЕУ.

Претседателот ја истакна важноста на одлуката на бугарскиот парламент поврзана со напредокот на С Македонија, како и писмото до раководителите на европските институции и земјите-членки на ЕУ што го испрати кон крајот на јуни.

„Бугарија не наметнува никакви дополнителни услови. Нема да се откажеме од заштитата на правата на Бугарите во РСМ“,вели бугарскиот претседател.

Минатата недела шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев го нарече премиерот Христијан Мицкоски „северномакедонски“ премиер.

Мицкоски, пак, реагирајќи на епитетот „северномакедонски“ премиер, рече дека на Георгиев му дале задача да се задева исто како глушецот со лавот.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го повика својот македонски колега Христијан Мицкоски да најде начин и да ѝ се извини на Бугарија за изјавата со лавот и глушецот.

Претходно осуда за изјавата на Мицкоски стигна и од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ пак се жали: На „Охридско лето“ немало албанска култура
Следна Статија Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ – за наша Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

„Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик“, прашува СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски откри фрапантни докази за милионски криминал на СДСМ и ДУИ во МЕПСО

СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?