Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
БАЛКАН

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено March 30, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот – „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.

– Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на  потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.

Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади – македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп одговори на прашањето „што е жена“
Следна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Лажна банкарка во Хрватска измамила повеќе лица и им украла над 1,5 милиони евра

Полицијата во Меѓимурје во Хрватска по барање на надлежното државно обвинителство покрена кривична истрага против 51-годишна жена поради сомнение дека…

June 18, 2025
БАЛКАН

Странците во Хрватска се жалат преку социјалните мрежи: Имате убаво море, но какви ви се овие цени?

На профилот на Инстаграм, WorldTraveler, кој има речиси 2.000 следбеници, се појавија видеа од хрватските продавници, на кои се прикажани…

July 10, 2025
БАЛКАН

Највисоката плата во Црна Гора е 140.000 евра: Еве што прави човекот

Највисоката месечна плата годинава што ја земал црногорски државјанин, по оданочување, вредна нешто помалку од 140.000 евра или во бруто…

December 7, 2024
БАЛКАН

Аркан 15 дена седел на покрив и јадел конзерви додека не добил дозвола да убива

Божидар Спасиќ кој беше дел од Државната безбедност во поранена Југославија раскажа како Жељко Ражнатовиќ-Аркан бил користен за потребите на…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?