Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раната вечно ќе крвари во мене : Дарко вчера прв се врати од лекување во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Раната вечно ќе крвари во мене : Дарко вчера прв се врати од лекување во странство
МАКЕДОНИЈА

Раната вечно ќе крвари во мене : Дарко вчера прв се врати од лекување во странство

Објавено March 26, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи откако вчера се врати во Македонија, по лекувањето во Клиничкиот центар во Белград, Србија.

Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста, емпатијата и храброста која ја добива.

Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.
Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека овие херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.
Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клиничкиот центар Србија. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!
Посакувам што побрзо закрепнување на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.
ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ, пишува Стојанов на Фејсбук

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија го менува фокусот – од автомобили кон тенкови, недостиг на експерти за воена индустрија
Следна Статија Полицијата го претресе домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, одземени компјутери, мобилни телефони, документација…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?