Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте долгот на граѓаните кај банките, тие најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Расте долгот на граѓаните кај банките, тие најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кај банките, тие најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Објавено May 21, 2025 20:54
Сподели
Сподели

Народната банка на Република Македонија денеска објави дека анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,6 проценти што произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,8 проценти како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

– Монетарни движења во Република Северна Македонија:  Во април 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) оствари месечно зголемување од 0,7%, пред сè поради растот на депозитните пари, при забележан раст и на долгорочните депозити до две години и на готовите пари во
оптек, во услови на пад на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, паричната маса бележи раст од 10,0%, поради зголемувањето на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, се наведува во соопштението.

Вкупните депозити во април, се зголемени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор, се додава во соопштението, забележаа намалување. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,6%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Почнувајќи од јуни 2018 година, се подвлекува во соопштението, Народната банка го користи монетарниот агрегат М3 како нова стандардна дефиниција за паричната маса. За аналитички цели и натаму ќе се пресметува и ќе се објавува монетарниот агрегат М4. Монетарниот агрегат М1, појаснуваат, го сочинуваат готовите пари во оптек и депозитните пари. Монетарниот агрегат М2 е составен од монетарниот агрегат М1 заедно со краткорочните депозити, додека монетарниот агрегат М3 (паричната маса), покрај монетарниот агрегат М2, ги вклучува и депозитите со достасаност од една до две години. Следствено, монетарниот агрегат М4 ги содржи монетарниот агрегат М3 и долгорочните депозити со достасаност над две години. 

Вкупните депозити ги сочинуваат сите депозити вклучени во монетарниот агрегат М4, коишто им припаѓаат на корпоративниот сектор, домаќинствата, останатите финансиски институции, непрофитните институции коишто им служат на домаќинствата и локалната самоуправа.

НБ соопшти дека во април 2025 година, вкупните кредити, бележат раст од 0,8% и 11,8%, на месечна и на годишна основа, соодветно. Промената кај двете основи е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

‒ Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 2,5%. Промената во целост произлегува од намалувањето на краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во денари, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута забележаа зголемување. Споредено на годишна основа, растот изнесува 12,0% и во поголем дел е резултат на повисоките краткорочни депозити во денари и депозитните пари, при позитивен придонес и на останатите компоненти, објавија од НБРСМ и додаваат дека во април, кредитите на корпоративниот сектор5 бележат месечен раст од 1,0%, при годишно зголемување од 14,1%. Промената кај двете основи во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари, додека кредитите во странска валута забележаа пад.
 
Вкупните депозити на домаќинствата пак, во април, оствариле месечно зголемување од 2,0%, во најголем дел поради растот на депозитните пари, при дополнителен раст и на долгорочните и краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута. Годишниот раст од 12,1% се должи на повисоките
депозитни пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.

‒ Во април, кредитите на домаќинствата забележаа месечен и годишен раст од 0,6% и 9,8%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена произлегува од зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари, информираат од НБРСМ.
 
Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во април, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, бележат месечно зголемување од 0,9% и 1,1%, соодветно, при годишен раст од 9,1% и 14,0%, соодветно. Во април, автомобилските кредити забележаа раст на месечна и на годишна основа за 0,4% и 2,3%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен раст од 0,3%, при годишен пад од 7,9%.

Негативните салда на тековните сметки, во април, забележаа месечно намалување од 9,3%, во услови на годишен раст од 0,1%. Во април, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 2,3% и 9,0%, соодветно. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на Коста ќе мораат да ѝ платат отштета на тешко повредената наставничка по историја
Следна Статија Синот на Мицкоски слави матура, премиерот објави семејна фотографија со порака до него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании

Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на совојата Фејсбук страница објави дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?