Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски

Објавено May 12, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.

Според него, ако состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија се подобри, тогаш има шанси за уште повисоки перформанси што ќе се движат меѓу пет и шест проценти.

Премиерот типува на Македонија како голема крстосница во која, како што рече, се испреплетуваат коридорите 8, 10 и 11 што е, дополни, многу важно за јужното крило на НАТО и затоа нашите идни напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата.

-Имаме потенцијал и со перформансите сме пред сите други. Првата година од мандатот беше многу тешка и полна со предизвици зашто ни требаше да го сопреме слободниот пад со кои се соочуваше државата и нереално е да почнуваме со реформи кога се уште решаваме на основни, суштествени проблеми, нагласи Мицкоски.

На Самитот Македонија 2025 присуствуваат преку 500 гости – економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави. Во фокусот се забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција, иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал со паметни инвестиции, улогата на дијаспората во националниот раст. Учесниците ќе дискутираат и за децентрализација на моќта – иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, за редефинирање стратегии, за странски директни инвестиции, како и за образование на иднината – обликување лидери, мислители и иноватори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од август до сега, цената на кафето порасна за 60%
Следна Статија Што велат законите на Емиратите: Освен инвестиција од најмалку половина милион долари, нема друг начин Филипче да добие златна виза за Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ексклузивно | Извршниот директор на GameStop има смела стратегија за освојување на неговата награда од 35 милијарди долари

Милионерот Рајан Коен најавува значајно преземање - а познатиот инвеститор Мајкл Бари го поддржува

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот поглед на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,…

October 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека 2024 година ќе заврши со многу повисока стапка на раст од проектираната, јавниот…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?