По многу лошата сезона во која ги загубија сите трофеи, Реал Мадрид бурно го започнува преодниот рок и сака да го засили тимот за да се врати на тронот. Најновата вест е дека Нико Вилијамс ќе стане нов член на „кралевите“.
Реал Мадрид веќе го доведе Дин Хујсен за 60 милиони евра, но тоа е само почеток. Угледниот шпански весник „Марка“ ексклузивно објави вистинска „бомба“ синоќа, а ова се првите чекори кон доведување на ѕвездата на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација.
Нико Вилијамс е еден од најбараните фудбалери денес, а интересно е што крилниот напаѓач беше на чекор од Барселона и двете страни сакаа овој трансфер да се реализира. Иако беше на прагот да потпише за Барселона, тоа не беше единствениот клуб што сакаше да го доведе, Баерн исто така планираше да го ангажира во своите редови следното лето. Но, според сè, Реал ќе им ги расипе сите планови.
Реал Мадрид подготви план и, според „Марка“, се одлучија да го купат Вилијамс со плаќање на неговата откупна клаузула од Атлетик Билбао. Неговиот последен договор во Билбао имаше клаузула за откуп од „само“ 58 милиони евра, што не би требало да биде проблем за Реал Мадрид, со оглед на тоа за каков тип играч станува збор.
Освен што ќе ѝ нанесе тежок удар на Барселона, Реал Мадрид би добил големо засилување за годините што доаѓаат со купувањето на Вилијамс, а бидејќи тој е шпански репрезентативец, од кого во последно време има малкумина од Реал Мадрид, нивната вредност на домашниот пазар би била дополнително зајакната.
BREAKING: NICO WILLIAMS TO REAL MADRID!🚨🚨
Real Madrid are going after the Athletic Club star and are already working on paying his release clause!😱⚪️
MAJOR BOMBSHELL!🦁💣#NicoWilliams #RealMadrid #AthleticClub #TransferNews #LaLiga #BreakingNews pic.twitter.com/kdP5pPipzo
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) May 20, 2025