Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
СПОРТ

Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот

Објавено May 31, 2025 21:09
Сподели
Сподели

Шпанскиот гигант Реал Мадрид e на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот, објави „Форбс“.

Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона.

„Лос Бланкос“ се приклучуваат на елитната група спортски тимови со десетцифрени годишни приходи, претходно надминати само од НФЛ тимот на Далас каубојс.

Манчестер јунајтед се најде на второто место, а клубот од Островот е проценет на 6,6 милијарди долари. И покрај послабите резултати, клубот оствари 834 милиони долари приходи минатата сезона. Барселона го држи третото место со вредност од 5,65 милијарди долари.

Следат Ливерпул и Манчестер сити, Баерн Минхен се најде на шестото, а ПСЖ на седмото место.

Меѓу десетте највредни клубови во Европа се и Арсенал, Тотенхем и Челси.

Првиот клуб под линијата на десет најдобри е Јувентус, кој е и највреден клуб во Серија „А“, Милан е на 14-то место, а овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите – Интер, е само на 17-та позиција.

Според Форбс, вкупната вредност на 30-те најдобри фудбалски клубови денес надминува 72 милијарди долари, што е во просек 2,4 милијарди по клуб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица
Следна Статија (ВИДЕО) Крвничка тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер во метрото во Минхен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трагедија го одложи натпреварот Барселона-Осасуна

Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна вчера не се одигра поради трагична вест од таборот на домашниот клуб, кој на 15-…

March 9, 2025
СПОРТ

Митревски по ремито: Некогаш треба малку и повеќе среќа

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски се огласи по денешниот натпревар. -На крајот извлековме реми. Изедначен натпревар во текот…

January 21, 2025
СПОРТ

За туркањето на Столе, Винисиус е казнет со два меча и 600 евра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е суспендиран на два натпревара во шпанската Ла Лига. На 3 јануари 24-годишниот Бразилец…

January 8, 2025
СПОРТ

Ќе грми на 4 април во Охрид против грчки Олимпијакос

По успешните настапи и пласманот во четвртфиналето ЕХФ Европскиот куп ракометарите ги очекуваат два нови дуела во против грчки Олимпијакос.…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?