Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година
СПОРТ

Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година

Објавено May 11, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор.

Според шпанските медиуми, раководството на клубот му понудило на Бразилецот нов договор, а тој се согласил да остане во најтрофејниот европски клуб. Двете страни ќе ги формализираат деталите од соработката по завршувањето на тековната сезона, а Винисиус ќе инкасира 100 милиони евра во текот на пет години, или 20 по сезона.

Ова практично значи дека со новиот договор, бразилскиот интернационалец ќе заработува пет милиони евра повеќе отколку што заработуваше според неговиот сегашен договор, кој истекува во 2027 година.

Медиумските извештаи покажуваат дека Винисиус ќе има клаузули во неговиот нов договор кои ќе му донесат значителни бонуси за освоени трофеи и постигнати голови.

Винисиус (24) е член на Реал Мадрид од 2018 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 314 натпревари и постигна 105 гола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
Следна Статија Panorama All Seasons Adventure домаќин на Krushevo MTB Challenge

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Њукасл ја зголеми понудата за Шешко на 90 милиони евра

Њукасл му испрати на Лајпциг нова официјална понуда за напаѓачот Бенџамин Шешко, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.…

August 5, 2025
СПОРТ

(Видео) Хрватски голман на Меси му одбрани Паненка пенал

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0. Сè…

September 14, 2025
СПОРТ

Прв ден на Pro Tour Lorwyn Eclipsed – Магични натпревари

Петок беше полн со неочекувани шпилови, комплексни Limited игри и играчи воодушевени од почетокот на првиот Pro Tour во 2026…

February 1, 2026
СПОРТ

Џенаро Гатузо нов селектор на Италија

Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо. Еден…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?