Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ревизорски извештај: ЈП за спортски објекти нема евиденција за имот од 32 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ревизорски извештај: ЈП за спортски објекти нема евиденција за имот од 32 милиони евра
МАКЕДОНИЈА

Ревизорски извештај: ЈП за спортски објекти нема евиденција за имот од 32 милиони евра

Објавено July 25, 2025 10:29
Сподели
Сподели

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата не располага со точни податоци за спортските објекти кои се под негова надлежност и не е извршено запишување во јавните книги што создава ризик од незаконско постапување со државниот имот, констатирале ревизорите при извршената ревизија во ова јавно претпријатие. 

Во ревизорскиот извештај се наведува дека ревизорите не биле во можност да ги потврдат вредностите во Билансот на состојбата затоа што повеќе години наназад не бил вршен попис на средствата, побарувањата и обврските, голем дел од документацијата била изгубена поради поплава во деловните простории или одземена во истражни постапки, а од јануари 2020 година сметководствената евиденција ја врши надворешен правен субјект без при тоа да постои доказ дека за сите позиции во Билансот, ЈП има предадено поткрепувачка и веродостојна документација за нивната дотогаш утврдена вредност.

– Јавното претпријатие располага со земјиште, градежни објекти, опрема, транспортни средства, средства во подготовка со проценета вредност од 1.971.377 илјади денари, или 31.951.004 евра. За евидентираните земјишта и градежни објекти, ЈП не располага со податоци со кој имот реално располага, нема одлуки на Влада и имотни листови како доказ за стекнато право на користење или нивна сопственост, ниту пак постојат историски податоци за нивната вредност, исправка на вредноста, вредносно усогласување низ годините или извршена процена, се вели во извештајот.

За неисплатените плати кон вработените и неисплатените надоместоци кон членовите на УО во износ од 61.448 илјади денари не биле презентирани одлуки за утврдување и пресметување на платите. Во 2023 година вработени биле четири лица, двајца в.д. директори, а платите и надоместоците долг период се исплаќале преку цесии и асигнации. 

Во однос на обврските кон добавувачите во износ од 32.465 илјади денари, ревизорите утврдиле дека за 30 проценти од нив или 9.890 илјади денари не постои податок за назив на добавувачот поради што не е можно да се утврди нивната основаност и законитост, додека 9.426 илјади денари или 29 проценти од обврските се неплатени обврски за електрична енергија, водовод и канализација, поштенски услуги и сл. 

Ревизорите не биле во можност да потврдат и дека приходите за 2023 година во износ
од 6.212 илјади денари се според сите активни договори.

– Со измени, дополнувања и одложувања на примена на одредбите со кои се укинува ЈП, а надлежностите се пренесуваат на органот надлежен од областа на спортот за објектите од национално значење, како и нивно поништување 13 дена откако влегле во сила, придонеле ЈП и понатаму да работи без законски основ. Основачот на ЈП во континуитет до 2023 година именува директори и членови на УО на ЈП, при тоа, по последното разрешување на членови на Надзорен одбор од 2017 година, ЈП функционира без надзорен орган, се наведува во ревизорскиот извештај.

Во извештајот се обелоденети состојби што се однесуваат на непреземање на мерки и активности за спроведување на законските одредби од страна на Владата и Агенцијата за млади и спорт по укинувањето на ЈП, поради што ЈП се уште опстојува и работи, има активен статус во Централниот регистер, не е решен статусот на вработените, се генерираат нови обврски и загуби од работењето.

Ревизорите укажуваат и на тоа дека треба да се исплатат 78.363 илјади денари по судски спор што ЈП треба да му исплати на закупецот на објектот „Олимписки базен“ во Скопје.

– Обврската произлегува од договор од 2004 година и анекс од 2006 година со кој е продолжен периодот на закуп на објектот до 2035 година и со компензација однапред е признаена и наплатена закупнина за 373 месеци (31 година) во износ од 20.682 илјади денари (336.288 евра) по основ на фактури за вложувања во објектот, кои фактури не и беа приложени на ревизијата, а неизвесно е дали ЈП располага со истите, се вели во извештајот.  

Во извештајот се наведува дека му е укажано на Министерството за спорт и основачот за потребата од утврдување на сите објекти кои биле во надлежност на ЈП и нивниот статус, како и преиспитување на законитоста на сите договори за закуп склучени меѓу ЈП и трети лица со цел преземање на мерки за минимизирање на правните и финансиските ризици и заштита на државниот имот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шокантни слики од Газа, два милиони луѓе умираат од глад: Од децата останаа само скелети
Следна Статија САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Униј

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје вчера ја изгласаа Одлуката за утврдување…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?