Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра
ХРОНИКА

Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра

Објавено March 17, 2026 13:49
Сподели
Сподели

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа.

Како што соопшти денеска прес-службата на Царината, по спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесена е кривична пријава против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и овластување, како и несовесно работење во службата.

Во случајот, увозникот, сега првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, сега второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки изготвил фалфисикувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано, информира Царината.

Од таму потенцираат дека царинските службеници опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и се отпуштени од работа минатата година. По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 на име на основен долг и 600 илјади денари на име на камати.

Царинската управа потсетува дека започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година и половина Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари.

Царинската управа ќе продолжи со преземање опсежни истражни дејствија, со цел сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција. Ова претставува основа за јакнење на довербата во институционалниот систем, како клучен предуслов за развој на одржливо општество, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Големи апсења во Куманово и Скопје

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Уапсен наставник од средното уметничко училиште во Скопје за сексуално вознемирување на ученичка

МВР објави дека вчера е уапсен наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка…

March 11, 2026
ХРОНИКА

Уапсен велешанец -возел со 109 километри на час во место каде е дозволено до 40

На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?