Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина

Објавено February 24, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Почеток на два големи проекти вредни 14,7 милиони евра, најавија денеска од Владата.

Се работи за реконструкција и адаптација со опремување на интензивна нега на градската болница „8 Септември“, за што предвидени се 12 милиони евра, и реконструкција на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во вредност од 2,7 милиони евра.

-Дел од договорот кој го постигнавме со компанијата ТАВ која е концесионер на македонските аеродроми и е дел од договорот за концесија, што ќе овозможи поголем квалитет во здравствените услуги и поголем број патници на охридскиот аеродром, како и нови помодерни услови, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес-конференција.

Проектот за реконструкција и опремување на ГОБ „8 Септември“ предвидува реконструкција на хируршкиот дел со вкупна површина од 2000 метри квадратни, односно седум операциони сали.

-Две ќе бидат за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една за уво нос и грло, една за очна хирургија и како новина роботска хирургија. Интензивна нега на површина од 500 м2. Предвидени се седум целосно опремени боксови за пациенти со најсовремени кревети, линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 м2, стерилизација, биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и патолошка лабораторија. Тука спаѓа и делот на целосна санација на кровото на болница и поставување на ефикасен систем на греење и ладење на болницата, истакна Николоски кој посочи дека планирано е во октомври да се заврши реконструирањето на градската болница.

Во однос на охридскиот аеродром, реконструкцијата ќе ја опфати новата административна зграда, нов канцелариски простор, помошни простории, нов наменски простор за обезбедување, реконструкција на терминалната зграда, нов сообраќаен режим на паркингот.

Николоски додаде дека со оваа реконструкција ќе се привлечат поголем број патници и ќе се подобрат условите за нив, но и за вработените. Овој проект планирано е да заврши до март 2026 година.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање.

-Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум. Сѐ на сѐ, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава, посочи премиерот.

Тој додаде дека продолжуваат посветено да ги решаваат проблемите  да создаваат додадена вредност и да се борат за подобар живот на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем дел од возовите не возеле зошто немале тркала, вели директорот Ивановски за состојбата во која ги начекал Железници
Следна Статија Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување, почит и признавање на македонскиот јазик

Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња

Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?