Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години со брзата пруга на Коридор 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години со брзата пруга на Коридор 10
ЕКОНОМИЈА

Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години со брзата пруга на Коридор 10

Објавено October 14, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Почнува проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје, за ремонт на пругата Зелениково- Велес, како и за санација на неколку свлечишта и на мостот на Црна Река што се урна делумно во 2022 година.  Активостите ќе ги спроведе ЈП Македонски железници инфраструктура во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет.

Синиша Ивановски, директор на МЖИ Инфраструктура денеска изјави дека реконструкцијата на Железничката станица, за којашто се очекува најмалку една година да се изработува проект, по што ќе следуваат обезедување финансии и градежни работи, треба  да заврши за пет-шест години, во истовреме со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

Ако завршиме со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, како ЕБРД, ЕИБ, комерцијалните  банки, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија со кои ќе правиме многу капитални инфраструктурни проекти. За пет до шест години од денеска во исто време да бидат готови и брзата пруга и кракот до Скопскиот аеродром, Можеби делува апстрактно но верувајте со сите сили работиме параллено на сите проекти, рече Ивановски.

Тој најави дека ќе се направи целосна реконструкција со зачувување на основниот изглед, како што е напревно во 1981 година според проектот на Кензо Танге, но со нови современи и модерни елемнети. – Ќе се менуваат инсталациите, греењето, ладењето. Станицата сега изгледа како питстоп на Формула и веќе нема да биде така,  ќе има забрана за рекламирање. Ќе има промена на содржини, ќе има аптеки и други комерцијални содржини, но доградби како ќебапчилница и други работи нема да бидат дозволени. Столбовите на градбата сега се рекламно пано за концерти и  тоа нема да биде дозволено, рече Ивановски, истакнувајќи дека се што е доградено надвор од првичниот проект ќе биде отстрането.

Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски  посочи дека овој долго задоцнет проект ќе има почеток и оти нивна задача ќе биде на железничкиот Коридор 10  да направат целосна реконструкција и рехабилитација на елементите на пругата, како санирање и јанење на мостовски конструкции, на свлечишта, потпорни ѕидови.

Многу е значаен овој почеток бидејќи сакаме да бидеме дел од паневропската мрежа на која припаѓаме. Со овој проект ќе ги обезбедиме условите и стандардите што важат во сите европски земји, рече Јосифовски, истакнувајќи дека имаат капацитет да одговорат на задачата.

Деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска истакна дека  ќе има многу работа, а прво ќе се прави документирање и анализа на оригиналната документација.

Ќе има надградба со содржини со коишто објектот ќе стане социјален хаб и отворено плато за културниот и јавниот живот на скопјани. Во таа смисла внимателно ќе ги преиспитаме оригиналните аспекти на дизајнот на Кензо Танге, ќе бидеме многу внимателни софистицирано да ги редизајнираме аспекетите на дизјанот но исто така и да пружиме нешто ново што скпјани долго време го очекуваме.  Приклучокот со брзата линија,  брзата железница во Европа е извонредна работа, го очекуваме со години им го должиме на генерациите после нас, рече Поповска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани се богателе од ископот на јаглен во РЕК Битола
Следна Статија Како обвинителките Сарамандова, Елмази и Стефанова ја спасија Татјана Кацарова, миленичката на Љупчо Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја

Министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција кажа дека ЕСМ е во многу лоша состојба и ќе бидат потребни…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДДВ за станови останува 5% до крајот на 2028 година

Добра вест за сите што планираат да го решат станбеното прашање. Собранието денеска ја усвојува измената на Законот за данокот…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?