Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни
ЕКОНОМИЈА

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Објавено April 24, 2025 11:27
Сподели
Сподели

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт и врски за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, а по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани.

Иако на списокот на фирми на коишто ќе им се одземат лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање што го објави Министерството за транспорт и врски има 479 фирми, всушност лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи на списокот има некои фирми што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци.

Истражувањето за фирмите на коишто ќе им се одземат лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање што го објави Министерството за транспорт и врски, покажува дека на фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци. Вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца.

Истражувањето открива дека:

– Лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи од 479-те фирми на списокот има некои што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци.

– На фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци, а вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца.

– За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери.

– Во моментов, само 49 од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки во вкупна вредност од 26 милиони евра.

– Сепак, само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата којашто била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра.

– Од сите фирми на списокот, 101 има добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра.

– 28 % од фирмите за одземање лиценца се со блокирана сметка или се правно или деловно неактивни, а останатите фирми се активни.

– Приходи оствариле 85 % од фирмите во вкупна годишна вредност од 128 милиони евра (за 2023 година која е последната година за којашто има објавено податоци).

– Најголем дел од фирмите остваруваат ниски годишни приходи. Секоја трета (31 %) од фирмите има годишен приход помал од 15 илјади евра, додека приходи поголеми од 1 милион евра имаат само 33 фирми, односно 8 %.

– Во сите овие фирми работат 2188 луѓе. 4 % од овие фирми немаат вработен, а 3 % имаат само еден вработен. Со повеќе од 10 вработени се само 3 % од фирмите. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август
Следна Статија До две години ќе трае рехабилитацијата на 43 потешко повредени пациенти од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица. Вицепремиерот…

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кризата со меморските чипови ги разбранува пазарите, очекувања за уште полошо

Компании од производителот на конзоли Nintendo до големи PC брендови и добавувачи на Apple видаат пад на акциите поради загриженост…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски отвори подружница во Македонија

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија, јави Призма. Фирмата „Рамбл клауд“ е регистрирана на…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?