Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Речиси 2 милиони патници за само половина година на двата македонски аеродроми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Речиси 2 милиони патници за само половина година на двата македонски аеродроми
ЕКОНОМИЈА

Речиси 2 милиони патници за само половина година на двата македонски аеродроми

Објавено July 10, 2026 11:12
Сподели
Сподели

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година.

Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година.

Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година.

Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374,714) во однос на истиот период лани.

-Растот од 28% на бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите. Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6% на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното унапредување на услугите и успешната соработка со нашите партнери. Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 14,2% пазарен удел), а потоа следат Минхен Меминген (4,5%), Базел Милуз (4,4%), Дортмунд (4,1%), Цирих (4%) и Франкфурт (3,9%).

Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови од Скопје се Германија (28,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (18%), Швајцарија (9,3%), Италија (8,2%) и Шведска (5,8%).

Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен висок пораст за 28,6% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,833,010 патници. Во истиот период, на овој аеродром биле реализирани 12,260 летови што е за 6,5% повеќе споредено со истиот период лани.

Додека охридскиот аеродром бележи пораст од високи 18,2% со превезени 122,638 од јануари до јуни. Во овој период, биле реализирани 907 летови што е зголемување за 26%.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
Следна Статија Бугарија отвори канцеларии во Пирот за вадење бугарски пасоши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски од „Винска визија“ во Белград: Виното е симбол на нашата историја

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

САД и Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвеститорот Мајкл Бари открива опции против Орекл

Бари поседува пут опции за акциите на Орекл, што тој го откри во Субстек објава по затворањето на пазарите во…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?