Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените

Објавено September 23, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени.

Ова го истакна денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Кавадарци, одговарајќи на новинарски прашања.

– Ние преку Економско социјалниот совет имаме поднесено просечна потрошувачка кошничка, изработена од релевантни податоци од Заводот за статистика и релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и пазарна инспекција. Така да очекуваме повратно и од синдикатите, да имаме повратен одговор. И доколку е во ред, во наредниот период, да биде изгласана просечната потрошувачка кошничка, рече Ристески, запрашан за коментар, откако ССМ излезе со потрошувачка кошничка за месец август.

Тој нагласи дека се подобрува економската ситуација.

Ристески беше во работна посета на Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија AFD е најпопуларна партија во Германија
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димовски: Рекордни 1,25 милијарди евра странски инвестиции во 2024 година

Македонија 2024 година ја завршила со рекордни 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции – највисоко ниво досега, изјави Гоце Димовски,…

July 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација

Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?