Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“
ПОЛИТИКА

Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Објавено April 12, 2025 12:18
Сподели
Сподели

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска на прес-конференција Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ.

„17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема? Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот. Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“? И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?“, вели Ристова.

Таа изрази сомнеж и од финансиски аспект.

„Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем. Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење. На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови. Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ристова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија
Следна Статија НАЈМАЛКУ 221 ЗАГИНАТ: Објавен извештајот за трагедијата во клубот „Џет сет“, причината сепак неразјаснета

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека ако се случи тој да…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ остана и без Струмица: Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?