Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристоманов: Нè трујат за профит, а никој не истражува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ристоманов: Нè трујат за профит, а никој не истражува
МАКЕДОНИЈА

Ристоманов: Нè трујат за профит, а никој не истражува

Објавено July 27, 2025 10:29
Сподели
Сподели

Во неделното интервју за РСЕ, еко-активистот и советник во Општина Ново Село, Костадин Ристоманов, тврди дека се палат депонии во околината на Струмица и дека зад тоа стои организирана шема за профит од рециклиран бакар и фантомски бизниси со отпад, додека посочува дека институциите за тоа молчат.

Господине Ристоманов, периодов секојдневно објавувате дека се пали депонијата Шапкар и дека жителите на Струмица и околината дишат отров, а властите не реагираат? Кој според вас ја пали депонијата?

Ние само алармираме, а постојат органи во државата кои тоа треба да го истражат. Но, ние отворено се сомневаме за некоја организираност за некоја добивка што се остварува од таквото, во наводници, „случајно“ палење на депониите. Обично, тоа и на последниот протест што го организиравме во Струмица, еден наш активист јасно и гласно рече да се испита поврзаноста на маргинализираните групи во општеството коишто горат кабли со бакар, точно на депониите, и предизвикуваат пожари. Тој истиот бакар потоа на непознати локации се процесуира, се дроби и се извезува. Познати се фирмите коишто го извезуваат тој бакар, дури и спомнавме ние и бројки — конкретно за три години 17 милиони евра од извоз на бакар од рециклиран материјал. И ние поставуваме прашање зошто ова никој не го истражува? Ако се сеќавате, ланската година во Кочани имавме група луѓе, целиот град се дигна да ја блокира депонијата бидејќи се палеше од такви маргинализирани групи, и поставија камери, вработија чуварска служба и го решија проблемот, но палењето се прошири на околните ридови. Тој феномен на палење кабли, палење депонии, за што ние отворено се сомневаме дека можност некои и да истовараат отпад увезен од Запад, дека тоа се случува и кај нас. Дали е така или не, органите на државата преку истрага треба да го утврдат тоа. Нас не загрижува и затоа е нашиот револт, затоа ние протестираме — зошто никој не презема ништо и дали постои некаква спрега и организираност за сето тоа, народот да го вдишува и да се труе.

Спомнавте околу бакарот. Имате ли сознание каде се извезува?

Во Турција. Пред, нема месец дена, во вредност близу 200.000 евра, една фирма од Струмица извезуваше таков рециклиран бакар во џамбо вреќи.

Во обајвите на Здрава Котлина на социјалните мрежи споменувате фантомски бизниси со рециклирање на метал?

Така е.

Кои институции директно треба да реагираат за ова?

Пред сè, ние исто така имаме сознанија од лични контакти, неофицијално — што не мора да бидат точни — дека државните институции си работат како што треба, дека инспекциските служби биле на терен, ја утврдиле фактичката состојба, дале препораки на повисоките органи, истражните органи сето тоа си го завршиле, но за жал таквите истраги се ставени во некоја фиока и не се процесуираат. Тука ние отворено се сомневаме дека постои некоја организираност меѓу тој што увезува, овде се преработува на отворено и се извезува.

Кои институции конкретно?

Има овде полиција, обвинителството, треба да има и од Царинската управа. Но, ние немаме увид, не знам дали јавноста е запознаена што сè се увезува во Македонија. Најголема цифра како количина увезуваме отпадоци од животинско потекло и коски — од Аргентина. Дали тоа е само според шифрарникот е така напишано, а каде се процесуираат тие коски и отпадоци од животинско потекло кај нас? Каде е тоа? Никој не води сметка што влегува и што излегува, каде се процесуира и дали имаме такви капацитети — или тое е само по документи минуваат.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Волстрит постави нови рекорди, 82% од компаниите ги надминаа очекувањата за заработка
Следна Статија Сè снимено на камера: Брутална тепачка на лет од Загреб до Малме, патниците бегаат во паника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија

Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на партиската изјава на СДСМ, во која социјалдемократите ја обвинија дека…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Венко Филипче сликан на аеродром во Венеција како патува во Дубаи

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Венко Филипче на аеродром во Венеција како патува за Дубаи. Венко Филипче штотуку…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?