Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите
ЕКОНОМИЈА

РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите

Објавено March 24, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачи меѓу кои и на месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ, велат за МИА од регулаторното тело.

Како што посочуваат, овие механизми се дел од заедничкото делување со ресорното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – потрошувачите кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата).

-РКЕ останува отворена и транспарента како и до сега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално. Овој сет на мерки ќе стапи во сила по завршување на сеопфатната експертска консултативна фаза и со Земак и Макосигре и сите засегнати страни, по што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата – изјавија од РКЕ за МИА.

Во просториите на РКЕ денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на инженери на Република Македонија на кој тие ги изнесоа своите ставов за фактурирањето на електричната енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ
Следна Статија Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра најавува Владата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот инфраструктурен бум и дали…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?