Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

Објавено August 24, 2025 16:31
Сподели
Сподели

На панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ во Македонија, Роберт Скот кој посочи дека НДИ соработува со локалните самоуправи во Македонија и тоа по неколку различни програми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

Роберт Скот истакна дека во програмата за градење отпорност кон корупцијата, со поддршка од шведската влада работат со општините Гази Баба, Боговиње, Струмица, Куманово, додавајќи дека ваквата соработка во борбата против корупцијата сакаат да ја прошират и со други општини.

Исто така, во рамките на оваа програма, соработувавме со Стефан Андоновски од министерството за дигитална трансформација, со Златко Перински од министерството локална самоуправа и со Орце Ѓорѓиевски од ЗЕЛС. Еден од примерите за регионална соработка е отворено партнерство со владата, така учат општините низ целиот свет да соработуваат. Принципите лежат и во самата основа на тоа како треба да работат општините, инклузија, соработка, транспарентност и отчетност“, рече директорот на НДИ.

Понатаму, тој додаде дека, да се биде член во вакви мрежи на соработка против корупција, се принципи што ние сакаме да ги примениме за да ги задоволиме потребите на граѓаните.

Понатаму го имаме ГРЕКО како можност за соработка. ГРЕКО е организација на група на земји која се бори против корупцијата. Оценките на ГРЕКО се однесуваат на тоа каква е законската регулатива, но исто така, и како граѓаните да бидат што поблиски до власта и да се елиминираат сите можности за корупција. Сакам да истакнам неколку примери, Орце и Кисела Вода и Тони од Битола започнаа со имплементација на процедури во согласност со нивниот регистар на ризици од корупција“, истакна, меѓу другото, Скот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра
Следна Статија Трендафилов: Фрапантни 33,1 проценти од работниците примаат плата под 500 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на осмото издание на Парискиот мировен форум, очекува дискусии што ќе придонесат кон решавање…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?