Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Објавено October 4, 2025 20:21
Сподели
Сподели

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

Дали Вие и сите други носители на највисоки функции досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема, рече Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј Стефан Цеце Тасев.

Таа и другите родители сметаат дека наместо вистина и целосна одговорност се сведоци на пропусти и прикривања, при што биле принудени сами да го анализираат обвинителниот акт за да укажат на грешките. За нив, поразително е тоа што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Според нив, имало лица кои си ја купиле својата слобода со пари.

-Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени, порача родителите на починатите, обраќајќи му се диретно на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

Протестниот марш, дваесет и петти по ред, започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде поворката се упати кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите петнаесетина минути стоеја на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани и го блокираа сообраќајот. Оттаму се упатија пред зградата на Основниот суд и Обвинителство.

Маршот заврши каде што и почна, во „Паркот на Револуцијата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар
Следна Статија Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева излезе на условен отпуст

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?