Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај
СПОРТ

Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

Објавено October 23, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант Галатасарај, тврдат објавуваат турските медиуми.

Според весникот „Создзу“, Абрамович е во напредни преговори за преземање на поголемиот дел од акциите на истанбулскиот клуб, а наводно веќе купил луксузна вила во Истанбул, што дополнително ги разгорува шпекулациите. Сепак, за реализација на оваа купопродажба, ќе му треба дозвола од турските власти.

Абрамович го презеде Челзи во 2003 година и оттогаш го водеше клубот до нивниот најголем успех досега, вклучувајќи две титули во Лигата на шампионите, две Лиги на Европа и пет титули во англиската Премиер лига. Тој го продаде клубот во 2022 година по санкциите воведени поради војната во Украина.

Поради сегашните ограничувања за руските сопственици во повеќето европски национални шампионати, Турција се појавува како логичен избор за неговото враќање, а Галатасарај, актуелниот шампион, е најзначајното име.

Галатасарај ја отвори сезоната со девет победи во 11 натпревари, а во третото коло од Лигата на шампионите вчера со 3:1 го победи норвешкиот Боде/Глимт.

Историски гледано, Галатасарај го освои Купот на УЕФА во 2000 година и Суперкупот на УЕФА истата година, а нивниот најголем успех во Лигата на шампионите е забележан во 2013 година со пласман во четвртфиналето

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза
Следна Статија Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ига Швјонтек суспендирана поради допинг

Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана. Оваа…

November 28, 2024

Бронкоси со триумф во последните мигови против Командерите

Напнат натпревар во NFL со драматичен пресврт во корист на Бронкосите

December 2, 2025
СПОРТ

Македонските одбојкари на ЕП во група со европскиот првак и светскиот вицепрвак

Одбојкарската репрезетација на Македонија на претстојното Европско првенство,ќе играат во групата Б, заедно со селекциите на Бугарија, Полска, Украина, Португалија…

October 5, 2025
СПОРТ

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник Синер, на убедлив начин се пласираше во четвртото коло на Вимблдон, откако попладнево триумфираше…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?