Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците
МАКЕДОНИЈА

Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците

Објавено February 3, 2026 08:17
Сподели
Сподели

Професорот Горазд Росоклија, преку писмена изјава за ТВ Телма тврди дека извозот на мозоци од Македонија на Универзитетот во Колумбија било стриктно со научна цел и дека за сите нив имало согласност од родителите на донаторите.

Тој тврди дека тоа било грант односно проект исклучиво за истражувачка дејност.Грантот бил потпишан во 1996 година помеѓу Универзитетот Колумбија и македонските медицински експерти, како и со Институтот за судска медицина, Институтот за патологија и Психијатриската клиника.Росоклија истакнува дека сите активности биле целосно етички и легални:

Претпоставувам дека тоа писмо му испратено на Епштајн со цел да му се прикаже научното работење на одделот и да му побараат средства за финансирање на науката а професорот Дума преку тој проект им ги отвори вратите на научниот свет на своите вработени, што во македонски услови и за македонскиот менталитет бил огромен чекор. За оваа соработка, Дума, јас и колега од Колумбија објавивме научен труд во Прилози (часописот на МАНУ), објаснувајќи го целиот проект во детали“, напиша Росоклија.

Инаку, соработката Македонија–САД за постмортем мозочно ткиво не е нова афера откриена во 2026, туку постои со децении и е објавена во научни трудови. Во труд достапен преку PubMed Central, авторите опишуваат дека соработката за колекција на мозоци е воспоставена во 1996 година меѓу Институтот за судска медицина во Скопје и американски истражувачки структури поврзани со психијатриски институции во Њујорк. Таму се наведуваат логистички и регулаторни детали: дека мозочното ткиво се транспортирало со авион како регистриран багаж, дека биле потребни дозволи од македонското Министерство за здравство и дека постоел посредник/експедитер за испораката.

Уште поконкретно за етичката страна: во академски материјал од УКИМ, експлицитно стои дека мозоците се земани по потпишана согласност од најблиски роднини и дека протоколот бил одобрен од Етичка комисија на Медицинскиот факултет.

Дополнително, во понов труд (2024) повторно се спомнува „Macedonian / NYSPI Brain collection“ како извор на донорски мозоци за истражување, со наведување дека студијата била прегледана/одобрена од институционален одбор (IRB) во Њујоршка психијатриска институција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
Следна Статија Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?