Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Објавено February 3, 2026 08:28
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот бројот на казни од „Безбеден град“ во понеденик како работен ден е ист како во неделата.

Денес можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста  Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани, рече министерот.

Тој изрази задоволство од, според него, малите бројки на казни и очекува дека бројката ќе остане горе-доле иста за целиот 24-часовен период.

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Сепак, бројките на повратниците во прекршоците се алармантни. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

Посебен акцент министерот стави на „рекордерите“ во негативна смисла, посочувајќи дека постојат лица кои десетици пати го изигрувале законот.

„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците
Следна Статија Променливо облачно време, температурата до 11 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на бројот на основци во Македонија

Македонското образование се соочува со сериозни промени во бројноста на учениците. Најновите податоци за почетокот на учебната 2025/2026 година откриваат…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

 Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?