Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода
ЗАБАВА

Роџер Санчез, Каролина, „Некст тајм“ главни ѕвезди на „Културно лето“ во Кисела Вода

Објавено June 24, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Под мотото „Сè на свое место“, Општина Кисела Вода ќе го одбележи 70 години од своето постоење со разновидна, содржајна и квалитетна програма,, креирана да допре до сите генерации. Годинава на програмата има изведувачи кои ќе настапат на три сцени: на платото пред салата „Расадник“, во Драчево кај крстот и во паркот „Македонија“ а ќе понудат разновидна програма за сите возрасти, за сите жители на Кисела Вода и за сите скопјани, како и од останатите градови низ земјава.

Главна атракција на програмата ќе биде Роџер Санчез, добитник на Греми, диџеј кој ги полни најголемите клубови и фестивали во светот. Со него ќе започне четиридневното одбележување. Ексклузивниот настап ќе се одржи в четврток, на 26 јуни со почеток во 20,30 часот, во салата „Расадник“. Атмосферата пред Санчез од 20:30 часот ќе загреваат диџеите Мац, Ампов и Деан Мицкоски.

Наредниот ден, петок, на крстот во Драчево, од 20:30 до 21:00 часот, посетителите ќе може да го проследат настапот на КУД „Китка“, потоа ќе следува забава со: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски, а на крај свој настап ќе има Каролина Гочева, кој ќе започне во 22:30 часот.

Дуото „Некст тајм“ ќе ги забавуваат посетителите в сабота, на платото пред салата „Расадник“, со почеток во 20:30 часот, а по него ќе настапат „Два бона“ и Слаткар. Недела, е предвиден како семеен ден, кога во 10:30 часот ќе започнат активностите на платото пред салата „Расадник“, а прославата ќе се заокружи со доза смеење, која ќе ја обезбедат стендап комичарите Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски, во 20:30 часот, а по нив ќе биде настапот на „Tea & 2EXIT“.

Низ настаните ќе водат четворица водители: Миро Кацаров, Сашко Коцев, актерката Драгана Левенска и водителката Верица Донев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?
Следна Статија Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Куќата во World of Warcraft е веќе достапна, а Horde играчите се обидуваат да ги преобразат своите остри куќи

Функцијата за куќа во World of Warcraft неодамна беше пуштена за сите кои го купија претстојното проширување Midnight порано. Играчите…

December 6, 2025
ЗАБАВА

Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“

Има имиња кои кога пишувате ChatGPT, само добивате повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде…

December 8, 2024
ЗАБАВА

Овие автомобили најмалку се расипуваат

Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри,…

March 24, 2026
ЗАБАВА

Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот музички награди Billboard

Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?