Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД
СВЕТ

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Објавено September 1, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си.

Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во Форд Бронко кога нивното возило било удрено од друго возило во американскиот град Манчестер.

Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во која детално ја опишува сериозноста на неговите повреди: „Му беше дијагностицирана фрактура на торакален пршлен, повеќекратни посекотини и контузии, како и повреди на левата рака и долниот дел од ногата“, рече тој.

Полицијата потврди дека сите вклучени во несреќата биле однесени во болница со повреди кои не биле опасни по живот. Рагуса додаде дека несреќата се случила кратко откако Џулијани ѝ помогнал на жртва на семејно насилство која го запрела на патот.

„Градоначалникот Џулијани веднаш пружил помош и се јавил на 911“, се вели во соопштението.

Полицијата во Њу Хемпшир потврди дека нивните полицајци истражувале извештај за семејно насилство кога биле сведоци на судир на спротивната страна од патот. „Како резултат на судирот, двете возила слетале на зелениот појас и биле сериозно оштетени“, соопшти полицијата. Истражителите го идентификувале возачот кој е виновен, но не се поднесени обвиненија и истрагата е во тек.

Руди Џулијани го доби прекарот „Градоначалник на Америка“ откако го водеше Њујорк за време и по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Подоцна стана советник, а потоа и личен адвокат на Доналд Трамп, но нивната врска оттогаш заврши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна рекорд! Исак во Ливерпул за 150 милиони евра
Следна Статија Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп не отстапува од царините по одлуката на Врховниот суд

Врховниот суд на САД ја укина правната основа за околу 75 проценти од американските царински приходи. Станува збор за давачките…

February 21, 2026
СВЕТ

Зеленски во Минхен рече дека Украина е подготвена за вистински разговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција денеска рече дека е отворен за преговори, но дека очекува исклучително тешки мировни преговори…

February 14, 2025
СВЕТ

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но…

April 25, 2025
СВЕТ

Блумберг: Администрацијата на Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, објави денес…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?