Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рудникот „Тораница“ казнет со 200.000 евра за загадување на Крива Река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рудникот „Тораница“ казнет со 200.000 евра за загадување на Крива Река
МАКЕДОНИЈА

Рудникот „Тораница“ казнет со 200.000 евра за загадување на Крива Река

Објавено March 28, 2025 09:29
Сподели
Сподели

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Имено, според известување од страна на БУЛМАК, на 14.03.2025 година, во период од 06:30 до 07:00 часот се случи инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена, соопшти Министерството за животна средина.

Булмак извести дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.

Со потпишување на записник сторителот се согласува за поведување на постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина.

Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен Регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180-000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице.

Министерот Изет Меџити испрати јасна порака дека нема толеранција за загадувачите:

„Законот мора да се почитува. Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок. Инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо, а Министерството ќе инсистира на целосна транспарентност и одговорност. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме за да обезбедиме чиста и безбедна околина за сите граѓани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција
Следна Статија (Видео)  Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска низ солзи моли за правда: „Срамота е ова, три години нѐ мачат“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа

Министрот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша трет налог за забрана на онлине игри на среќа. -Вкупно 268 нелегални страници…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани

Редовното годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почна со минута молк во слава на жртвите во…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани,…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стоп за труењето: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Чадот и…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?