Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина
СВЕТ

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

Објавено October 25, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, синоќа изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение кое треба да придонесе за завршување на војната во Украина.

По пристигнувањето во Вашингтон на разговори со американски претставници, Дмитриев за Си-Ен-Ен изјави дека средбата меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажана, како што рече американскиот претседател, и дека двајцата лидери веројатно ќе се сретнат подоцна.

Планираниот самит беше одложен во вторник, бидејќи отфрлањето на моменталното примирје од страна на Русија фрли сенка врз обидот за одржување разговори.

Трамп рече дека ја откажал планираната средба со Путин во Будимпешта поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната и чувство дека моментот е пропуштен.

Но, Дмитриев во рече: „Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“. Тој не даде детали.

Европските земји работат со Украина на нов предлог за прекин на огнот по должината на сегашните фронтовски линии, изјавија европски дипломати за Ројтерс оваа недела, главно потсетувајќи на она што веќе се дискутираше, додека инсистираа САД да задржат централна улога.

„Одличен потег на претседателот Володимир Зеленски е што тој веќе признава дека станува збор за фронтовските линии“, рече Дмитриев.

„Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да си замине, па всушност мислам дека сме доста блиску до дипломатско решение што може да се постигне“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дејан Недев е европски вицешампион во кати
Следна Статија Левица и Апасиев „скромно“ со прасе и танго

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Словачка се закани дека ќе излезе од НАТО и ЕУ, премиерот Фицо не ја исклучи таа можност

Словачкиот премиер Роберт Фицо застана во одбрана на вицепремиерот Тибор Гашпар кој отворено зборуваше за можноста нивната земја да се…

January 19, 2025
СВЕТ

Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји

Поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се…

June 17, 2025
СВЕТ

Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема…

April 26, 2026
СВЕТ

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра

Белгиската полиција приведе две лица на аеродромот „Завентем“ во Брисел, откако во нивните куфери биле пронајдени над 108 килограми кокаин,…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?