Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
МАКЕДОНИЈА

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни

Објавено March 3, 2026 18:13
Сподели
Сподели

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и да обезбедат колективна одбрана на НАТО територијата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ од каде се обрати пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, пофалувајќи ја улогата на Македонија во Алијансата и нејзиниот придонес кон колективната безбедност.

Во своето обраќање, Руте нагласи дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година, потенцирајќи го учеството во копнените сили, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.

– Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни – и чувајте нè безбедни, порача Руте на крајот од обраќањето.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски на Генералниот секретар на НАТО му врачија Големи плакети на Армијата.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога
Следна Статија Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово во Скопје

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

За две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ Бојан Христовски доби НАТО сертификат

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознаваме…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Телефонската линија 192 повторно е во функција, информираат од МВР. Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?