Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески жали за оставката на Ленче Ристоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески жали за оставката на Ленче Ристоска
МАКЕДОНИЈА

Савески жали за оставката на Ленче Ристоска

Објавено April 2, 2026 19:03
Сподели
Сподели

„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“ изјави меѓу другото републичкиот јавен обвинител Ненад Савески за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека станува збор за лична одлука за која бил информиран по нејзиното поднесување.

Тој рече дека „Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“.

„Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција. Сите одлуки што ги носам од почетокот на извршувањето на оваа функција и што ќе продолжам да ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“ порача Савески.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети преку писмо потсетува: Албанскиот јазик бил темелот на државата
Следна Статија АРМ објави оглас за 300 нови војници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името на Македонија

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА –…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови,…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

За бугарскиот патријарх, архиепископот Стефан е „северно македонски“, а МПЦ Православна црква на Cеверна Македонија

Бугарскиот патријарх Даниил испрати писмено сочувство по повод смртта на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.Во него се иразува сочуство до „Неговото блаженство,…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?