Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД: Откази за преостанатиот персонал на USAID
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД: Откази за преостанатиот персонал на USAID
СВЕТ

САД: Откази за преостанатиот персонал на USAID

Објавено March 29, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Американската претседателска администрација го извести Конгресот во петокот дека ќе ги укине речиси сите преостанати позиции во Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и ќе ја затвори агенцијата којашто повеќе од 60 години беше клучна за јакнење на влијанието на САД, испраќање хуманитарна помош но и за влијание врз внатрешните политики на странските држави.

На персоналот на USAID во интерен допис му е укажано дека сите работни места кои не се пропишани со закон ќе бидат укинати во јули и септември. Дописот, во кој увид наводно имала агенцијата Reuters на вработените им го испратил Џереми Левин, вршител на должноста заменик управител на Агенцијата за владина ефикасност (DOGE), којашто ја води милијардерот Илон Маск а чијашто задача е да го намали расипништвото и непродуктивната потрошувачка на американската бирократија.

Левин во дописот навел дека целиот персонал на агенцијата ширум светот наскоро ќе добие електронска пошта со известување дека се укинуваат нивните работни места. Вработените ќе имаат избор дали ќе бидат отпуштени на 1-ви јули или на 2-ри септември, пишува Reuters повикувајќи се на дописот.

Во текот на следните три месеца, Стејт департментот ќе ја презема преостанатата „програма на помош за спасување на животи и стратешка помош“ од USAID, се наведува во меморандумот, додавајќи дека персоналот на агенцијата нема автоматско да биде префрлено во одделот кој ќе спроведува „засебен и независен процес на вработувања“.

Претседателот Доналд Трамп уште на првиот ден од враќањето во Белата куќа нареди 90-дневно замрзнување на севкупната странска помош на САД и ревизија на програмите за да се утврди дали тие програми за помош се усогласени со политиката на неговата администрација. Подоцна беа изнесени податоци дека се откриени милионски измами со големите средства со кои располагала USAID со небулозни фиктивни доделување средства на лица кои би требало одамна да бидат мртви или се малолетни од страна на агенцијата за којашто рече дека ја водат „лудаци од екстремната левица“.

Набрзо по враќањето на Трамп во Белата куќа, DOGE доби пристап до системите за плаќање на USAID и до електронска пошта преку што беа откриени дубиози, беа замрзнати многу исплати и на голем дел од персоналот му беше посочено дека ќе биде на привремен одмор.

Во изјавата на државниот секретар Марко Рубио се наведува дека Стејт Департментот во петокот го известил Конгресот за својата намера да направи реорганизација на USAID, и се додава дека агенцијата „одамна заталкала од својата изворна мисија“.

„Благодарејќи на претседателот Трамп, оваа погрешно водена и фискално  неодговорна ера сега заврши. Ги пренасочуваме своите програми за помош во странство за директно да ги усогласиме со она што е најдобро за Соединетите држави и за нашите  граѓани“, истакнува Рубио.

Во објава на  Х,  Џереми Кониндик, поранешен функционер на USAID кој сега е претседател на Refugees International, овој потег го нарече „целосна абдикација на децениското американско водство во светот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – утре почнува летното сметање на времето
Следна Статија Како Хонда ја докажува издржливоста на своите возила: Три поврзани теренци подигнати со кран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Затворени сите аеродроми во Москва

Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно…

December 26, 2024
СВЕТ

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун

Јужнокорејски суд денеска го одобри налогот за апсење на претседателот Јун Сук Јеол, кој беше отповикан и суспендиран поради неговата…

December 31, 2024
СВЕТ

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Турција: Се се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на…

October 16, 2024
СВЕТ

„Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од најголемите предизвици во нејзиниот мандат…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?