Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД ќе го развиваат новиот систем за противракетна одбрана „Златна купола“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД ќе го развиваат новиот систем за противракетна одбрана „Златна купола“
СВЕТ

САД ќе го развиваат новиот систем за противракетна одбрана „Златна купола“

Објавено August 13, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп развива нов систем за ракетна одбрана наречен „Златна купола“. „Златна купола“ ќе се состои од четири слоја на заштита – еден вселенски и три копнени, со вкупно 11 батерии со краток дострел распоредени низ континенталниот дел на САД, како и во Алјаска и Хаваи.

Проектот беше презентиран минатата недела пред околу 3.000 изведувачи на одбранбени проектили во Хантсвил, Алабама, а документите укажуваат на извонредната сложеност на системот што треба да биде оперативен до 2028 година, цел поставена од самиот Трамп.

Иако трошоците за изградба на системот се проценуваат на околу 175 милијарди долари, сè уште не е прецизирано колку лансери, пресретнувачи, копнени станици и ракетни бази ќе бидат потребни.

Според американските претставници, досега Конгресот одобрил 25 милијарди долари за „Златна купола“, додека дополнителни 45,3 милијарди долари се планирани во предлог-буџетот на Трамп за 2026 година.

Системот „Златна купола“ е дизајниран како повеќеслоен штит за одбрана на територијата на САД од ракетни закани, моделиран според израелскиот систем „Железна купола“, но во многу поголем обем поради географскиот опсег што мора да го покрие и разновидноста на потенцијалните закани.

Според достапните информации, системот ќе има четири интегрирани слоеви – вселенски сегмент со сензори за рано предупредување и следење на ракети, како и три копнени слоеви што вклучуваат пресретнувачи, радарски системи и потенцијално ласери.

Една од најзначајните иновации е планираната изградба на голема ракетна база во американскиот Среден Запад, која би се користела за распоредување на најновите пресретнувачи.

САД во моментов имаат места за лансирање на ракетна одбрана во Јужна Калифорнија и Алјаска, додека трета база на Средниот Запад дополнително би ја зајакнала заштитата од интерконтинентални балистички ракети од земји кои се сметаат за „непријателски“.

Една од клучните цели на „Златната купола“ е можноста за пресретнување на ракети во раните фази од нивниот лет, додека ракетата сè уште се искачува низ атмосферата, што би ги зголемило шансите за успешно пресретнување.

Русија претходно ги критикуваше САД за нивниот противракетен систем „Златна купола“, велејќи дека тој ја поткопува стратешката стабилност.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, му порача на Вашингтон за време на утринската прес-конференција да се откаже од распоредувањето оружје во вселената, објавија руските медиуми.

Пјонгјанг, исто така, ги критикуваше плановите, велејќи дека тоа би била „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ѝ каже на меѓународната заедница дека воспоставувањето нов американски систем за ракетна одбрана е многу опасен „заканувачки потег“ насочен кон поткопување на стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајка го претепала детето, па доби кривична пријава
Следна Статија По 13 август, 3 хороскопски знаци излегуваат од периодот на тага: Сонцето конечно ќе им заблеска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и…

November 10, 2024
СВЕТ

Папата ги повика христијанските цркви да го прослават Велигден на истиот датум

Папата Франциск во неделата ги повика различните христијански деноминации да имаат единствен датум за Велигден во духoт на единство. Среќна…

January 26, 2025
СВЕТ

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 1.644 лица, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информации…

March 29, 2025
СВЕТ

Потврдено е: 27 девојчиња и воспитувачи во камп ги загубија животите од поплавите во Тексас

Кампот „Мистик“ објави дека 27 ученици и воспитувачи ги загубиле животите во поплавите во Тексас. -Нашите срца се скршени за…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?