Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага
МАКЕДОНИЈА

Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Објавено March 19, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани, постапувало строго професионално и за краток рок ги презело сите мерки во делот на криминалистичката истрага.

Во разговор за телевизија ТВ21, професорката Саздовска посочи дека ВМР покажа стручност и итни резултати од истрагата и покрај тоа што увидот на место на настан каде имало пожар е најкомплексен увид, бидејќи материјалните траги горат.

„Имаме едно строго професионално постапување. Тоа што во моментот не е во притвор градоначалникот, би го толкувала само на начин дека што можеби во процедурата немало основи за негово понатамошно задржување. Тоа што одредени лица се приведени, тоа не значи дека кон нив ќе биде процесирана кривична пријава. Значи да оставиме простор на криминалистичко- оперативна дејност да постапи и да добиеме еден целосен увид во настаните“, рече професорката Саздовска.

Саздовска апелираше надлежните да постапуваат внимателно бидејќи граѓаните во вакви сензитивни моменти на вакви големи трагедии можат лесно да бидат изманипулирани.

„Масата која што ќе биде вклучена во голем број, тоа ќе бидат голем број на учесници на погребалните поворки, лесно би можело да биде изманипулирана. Да се надеваме дека тоа нема да се случи. Меѓутоа, секако, во тие траорни моменти луѓето се многу емотивно насочен во делот на самата ситуација и би требало со многу големо внимание да се постапува во тие ситуации. Да се избегнат сите можни провокации од било која страна“, објасни Саздовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани
Следна Статија Мицкоски: Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, потоа ќе биде испратен до…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се обрати на македонските граѓани по повод започнувањето на проектот „Безбеден град“. Тој…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?