Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Објавено January 21, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот, како што информираат од Царинската управа, е откриен кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција – Косово.

Исто така, Царинската управа откри и 1.100 инсулински игли при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот, кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга, пронајдени се 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.

-Откриени се и 183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена. 123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, а управувано од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Делчево, информираат од Царинската управа.

Службата за мобилни скенери, пак, спречила обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничниот премин Табановце при контрола на камион со македонски регистарски таблички.

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон откриле 144 штеки цигари и 960 грама тутун, а 48 илјади пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока со потекло од Косово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, наменета за увозник од Скопје. Откриени се и 73 парчиња облека и обувки во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Поевтини станови во Битола, владата усвои одлука истите да се продаваат по реални цени
Следна Статија Спектакл во Мелбурн: Ѓоковиќ со пресврт го преслуша Алкараз!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

До утре ќе се знаат новите министри од Вреди

До утре треба да бидат познати имињата на новите министри од редовите на Вреди откако на локалните избори првиот вицепремиер…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?