Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим
ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Објавено September 30, 2025 18:10
Сподели
Сподели

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со Сашо Мијалков, ниту пак за продажбата на истите акции на Алта Банка во Белград, банка блиска до режимот на Александар Вучиќ, вели Беким Сали од „Вреди“.

„Фактите се јасни: „АС Сењак“ е фирма со минимален број вработени и без реална дејност, но врти милиони евра. Приходите речиси целосно се совпаѓаат со тендерите добиени од општини предводени од ДУИ.

Со тие пари се купуваат акции од фирма на Мијалков, а потоа се продаваат на банката на Вучиќ. Само шест дена по продажбата, една општина предводена од ДУИ ѝ доделува на „АС Сењак“ два нови договори вредни 90 милиони денари – еден и пол милион евра. Тоа не може да се нарече случајност, туку исплата и награда за успешно завршена операција“.

Од партијата на Сали прашуваат: Али Ахмети, зошто твојата фамилија купуваше акции од Сашо Мијалков? Зошто токму тие акции завршија кај банката на Вучиќ? Дали тендерот од еден и пол милион евра беше наградата за тој договор? Колку станови, колку тендери и колку милиони евра чинат вашето „родољубие“?

Ова, според него, не е само политичка афера, ова е криминал кој бара итна одговорност.

„Парите на граѓаните очигледно се користеле за лични бизниси и за договори со структури кои работат против интересите на Албанците.

Времето на молкот заврши. Сега е време за вистина и правда.
Го повикуваме ДКСК и Јавното обвинителство итно да ги истражат овие противзаконски и криминални дејствија“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура
Следна Статија Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Владата веќе подолго време нема легитимитет, бидејќи, како што…

May 27, 2025
ПОЛИТИКА

Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

СДСМ и Зоран Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120.000 евра се префрлени на невладина организација во сопственост на сега…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?