Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух
МАКЕДОНИЈА

Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух

Објавено May 20, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух во градските населби. Чист воздух се дише само во Кочани, Миладиновци, Охрид и периферијата на Битола, кажаа дел од еко-активистите на денешната надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство.

Освен што загадувањето зема човечки животи, познавачите велат дека трпиме и сериозни финансиски загуби поради неквалитетниот воздух.

Според нив, искуствата од други држави покажале дека со соодветна политика може да бидат постигнати резултати во период од три до пет години, а проблемот може да биде комплетно решен за седум години.

Во однос на најголемите трујачи, анализите на еко-активистите покажале дека согорувањето на нафта и мазут, огревното дрво и сообраќајот се трите најголеми предизвикувачи на аерозагадувањето во Македонија.

Инаку, според Европската агенција за животна средина во 2022 година поради хронична изложеност на аерозагадување прерано починале 3 600 македонски граѓани.

Во Скопје пак според проценките на активистите, 1 200 луѓе годишно умираат како резултат на загаден воздух, а УНИЦЕФ проценува дека 11,6 проценти од смртните случаи кај новороденчиња под една година се од аерозагадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика
Следна Статија Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Картичките на ЈСП ќе можете да ги надополните и онлајн

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн. „Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?