Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење
ЗДРАВЈЕ

Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење

Објавено July 11, 2026 11:45
Сподели
Сподели

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, каде што пристап имаат исклучиво регистрирани членови кои плаќаат членарина – ова е предлогот содржан во поднесениот амандман на Законот за заштита од пушењето, кој е во собраниска процедура.

Според дефиницијата во амандманот, приватен клуб е „правно лице регистрирано согласно закон, кое користи затворен простор со ограничен пристап, наменет исклучиво за регистрирани членови кои доброволно членуваат и плаќаат членарина и кој не е достапен за пошироката јавност“.

Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила. Сепак, експертската група која го подготвувала законот не го поддржува овој амандман. Според нив, дозволувањето пушење во приватни клубови нема да придонесе за намалување на пушењето и нема да има доволен ефект врз превенцијата, особено кај младите.

Со новите законски измени, доколку бидат усвоени, ќе биде забрането пушењето на класични и електронски цигари во повеќе јавни простори – државни институции, компании, образовни установи, автобуски станици и постојки, пазари и други места со поголема фреквенција на луѓе.

Забраната ќе важи и за пушење во автомобили кога во возилото има малолетно дете. Предвидените казни се од 100 до 300 евра за физички лица, додека за правни лица глобите ќе се движат од 2.000 до 5.000 евра. За угостителските објекти е предвиден преоден период од една година за приспособување на терасите, кои ќе мора да бидат отворени најмалку од две страни за да се сметаат за дозволен простор за пушење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куба без струја
Следна Статија Македонија ќе ја води истагата за инцидентот во авионот на Рајанер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат. Тоа…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај пцовисана дива птица – гуска,…

October 31, 2024
ЗДРАВЈЕ

Петгодишно момче доби нов живот по примање на скап лек

Петгодишниот Едвард може самостојно да оди, вели неговата мајка, и се надева дека ќе има среќен живот

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?