Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сателитска ТВ ќе дели бесплатни ресивери за Македонци во Бугарија како одговор на бугарската кампања кај нас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сателитска ТВ ќе дели бесплатни ресивери за Македонци во Бугарија како одговор на бугарската кампања кај нас
МАКЕДОНИЈА

Сателитска ТВ ќе дели бесплатни ресивери за Македонци во Бугарија како одговор на бугарската кампања кај нас

Објавено September 11, 2025 18:05
Сподели
Сподели

По информациите дека повторно ќе се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски канали, македонската сателитска телевизија ИНТВ објави дека ќе направи контраакција и ќе доделува бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија, пренесе Фокус.

„Деновиве на социјалните мрежи кружат соопштенија од Фејсбук-страници зад кои стојат организации од Бугарија, со цел заведување на Македонците. Во нив се тврди дека се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски програми.

Контра на оваа кампања, Македонската сателитска телевизија ИНТВ објави сопствена акција – бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија кои се чувствуваат Македонци!

Секој заинтересиран може да се обрати директно до ИНТВ, а ресиверите ќе им бидат доставени.

Македонската песна, култура и традиција – секогаш со вас!“ – порачаа од телевизијата.

Поради големиот интерес, ресиверите ќе се доделуваат преку македонски здруженија во Бугарија.

Ова доаѓа откако бугарските организации како „Фондација Македонија“ ја засилија својата активност во Македонија и покрај тоа што тензиите помеѓу двете земји почнаа да се смируваат.

Организацијата покрај субвенциите за учење на бугарскиот јазик нуди и бесплатно инсталирање на бугарска сателитска телевизија и бесплатни постери на кои пишува „Ние сме еден народ“.

Тие очекуваат да инсталираат бугарска телевизија во 10% од домовите во Македонија во кои живеат Бугари по потекло, а според нивните проценки се работи за 35.000 Македонци кои имаат бугарски пасош и се изјасниле на писмено дека имаат бугарски корени.

Во Македонија неколку години наназад работи бугарското неделно училиште „Здравеи“ во кое деца учат бугарски јазик, литература и историја. За нивниот ангажман децата од Македонија добиваат награда од 30 евра месечно.

Фондацијата формираше и училиште на бугарски литературен јазик, „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија кое држи онлајн курсеви три часа неделно.

Бугарите имаат засилени активности во областите Голото Брдо, Албанија и во Гора на Косово каде што живеат Македонци. Иницијативата во Голо Брдо се вика „Знај ја Бугарија“ и преку неа на жителите им се подарува бугарска сателитска телевизија и бугарски книги.

Досега Фондацијата подарила над 40.000 бугарски книги на над 11.000 луѓе во Македонија во повеќе од 10 градови и 20 села, а планот е да се поделат 350.000 книги во 350.000 македонски домови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк, сојузникот на Трамп
Следна Статија Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии

По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков во моментот…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка

Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Беше истакната потребата да се работи на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?